Хути во Јемен/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Бројот на жртви во израелските напади врз Јемен се искачи на 46

Министерството за здравство на Јемен, контролирано од Хутите, соопшти дека бројот на жртви од израелските напади во среда се искачил на 46, а 165 лица се ранети. Нападите врз главниот град Сана и северната покраина Ал-Џаф следеа по претходниот напад на 30 август, кога во израелски воздушен напад врз Сана беа убиени премиерот на милитантното движење Хути во Јемен и неколку министри, според Ројтерс.

Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени „како одговор на нападите извршени од режимот на Хутите против Државата Израел, вклучително и лансирање беспилотни летала и ракети на израелска територија“.

Порано истиот ден, израелската војска соопшти дека пресретнала две ракети лансирани од Јемен – ракета и беспилотно летало. Хутите ја презедоа одговорноста за нападот, велејќи дека тоа е одговор на израелската „агресија против нашата земја“.

Хутите, кои контролираат поголем дел од населението на Јемен, со месеци напаѓаат бродови во Црвеното Море, велејќи дека го прават тоа во солидарност со Палестинците во Газа.

Тие, исто така, постојано испукувале ракети кон Израел, од кои повеќето биле пресретнати, јавува Танјуг.

Израел одговори со воздушни напади врз цели во областите контролирани од Хутите, вклучувајќи го и виталното пристаниште Ходеида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот