Брнабиќ се сретна со новинарот кој го интервјуираше Путин: „Му честитав на храброста, ќе дојде и во Србија“

Фото: Profimedia

Aмериканскиoт новинар Такер Карлсон планира да дојде во Србија кон средината на годината, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, која се сретна со него на Самитот на светските влади во Дубаи. Српската премиерка Ана Брнабиќ, која учествува на Самитот на светските влади во 2024 година во Дубаи, денеска разговараше со Карлсон.

„Знае многу за Србија, рече дека планира да дојде во Србија кон средината на оваа година, дека многу го почитува и цени претседателот Александар Вучиќ. Му реков дека со нетрпение чекам да го видам и му честитав на храброста да направи навистина феноменално интервју со претседателот на Руската Федерација“, изјави Брнабиќ за новинарите во Дубаи.

Според неа, Карлсон покажал „голема храброст“ бидејќи „луѓето можат да го слушнат она што во принцип не можат да го слушнат“ во „денешниот свет каде што цензурата е сеприсутна“.

Инаку самитот во Дубаи наречен „Обликување на идните влади“ собра повеќе од 85 меѓународни и регионални организации, 120 владини делегации. Главните теми се забрзување и трансформација на владите, вештачката интелигенција и нејзините следни граници, развојот и идната економија, идните општества и образованието, одржливоста и новите глобални промени и урбанизацијата и глобалните здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот