Бркотница во Скопје која ќе се истражува: Син на функционер на МВР го бркала полиција поради „флешери“, еве што открила
М.Д.
Пред
Вистинска драма во петокот направил син на функционер на МВР кој нелегално користел флешери па и бегал на полициска патрола која се обидела да го стопира возилото. Откако успеале да го запрат, по легитимирањето, полициските службеници го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на Службата за општи и заеднички работи и покрај тоа што се работело за приватно возило, објави Телма наведувајќи дека МВР го истражува овој случај.
Според Телма, станува збор за К.Б., синот на заменик министерот во МВР од редовите на ДУИ , чие темно ауди со флешери било забележан од полициска патрола во Чаир како се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане.
За стопирањето на момчето, согласно законските прописи постои снимен аудио материјал односно радио комуникацијата на полициските службеници и централата на СВР Скопје, што би се искористиле како докази за инцидентот.
Инаку, според сознанијата на Телма, возилото кој го возел синот на функционер во МВР имал нелегално инсталирани флешери и било земено на лизинг како возило на обезбедување на фабрика со марихуана.
Според телевизијата за истото возило неколкупади до сега имало и казни за сообраќајни прекршоци, а еднаш дури било спуштено од пајак возило кога било непрописно паркирано.
И овие наводи ги истражува МВР од каде велат дека доколку биде утврдено полициско постапување спротивно на законот полициските служеници ќе бидат санкционирани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Управата за јавни приходи склучила договор за привремени вработувања со Агенцијата „Контакт бизнис“ во износ од 19 милиони денари со ДДВ, или 309.000 евра. Агенцијата треба да и даде работници кога ќе и потребаат, а за тоа ќе си наплати провизија од 8,1 процент од бруто-платата на секој изнајмен работник. Или, ако нето-платата на работникот …
Со почетокот на учебната 2025/2026 година, образованието во Македонија продолжува со чекори кон дигитализација. Од Министерството за образование и наука најавија нови реформи: дигитални алатки во наставата, како и формално образование за деца на долготрајно болничко лекување Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Наполи со кратка порака го потврди враќањето на Елмас …