Бритни и Лин Спирс Фото: ackgrid USA / Profimedia

Бритни Спирс открива мрачни детали: Редовно пиев коктели со мојата мајка во тинејџерските години

Пејачката Бритни Спирс во своите мемоари открива мрачни детали од приватниот живот. По шокантната вест за абортусот пред 20 години, таа сега сподели и дека редовно пиела алкохол со нејзината мајка кога била малолетна.

Пејачката во долгоочекуваните мемоари „The Woman in Me“, открива дека редовно пиела коктели со нејзината мајка Лин уште кога била во осмо одделение од основното училиште, пишува „Пипл“.

„Почнавме за забава, некаде во осмо одделение, јас и мама возевме два часа од Кентвуд до Билокси, Мисисипи, а додека бевме таму пиевме коктели даикири“, раскажала Бритни

Даикири е коктел направен со мешање на рум, шеќер и свеж сок од лимета, а Бритни сподели дека нејзиното искуство со алкохолот е значително различно од она на нејзиниот татко Џејми.

„Ми се допадна тоа што од време на време можев да пијам со мајка ми. Начинот на кој пиевме не наликуваше на начинот на кој татко ми го правеше тоа. Кога пиеше, стануваше подепресивен и повлечен,  а ние секогаш бевме посреќни, поживи и поавантуристички“, напишала Бритни.

Таа, исто така, рече дека имала среќно детство и нормални тинејџерски години, односно „колку што можат да бидат нормални во нејзиното семејство“.

„Имаше нешто нормално во тој период од мојот живот: дипломска забава, возење низ нашиот мал град, одење во кино… Но, вистината е дека ми недостигаа настапите“, признала Бритни.

Да потсетиме, таа во своите мемоари изнесе детали и за врската со Џастин Тимберлејк, кога останала бремена, меѓутоа решила да абортира. Тие беа заедно од 1999 година, а раскинаа во 2002 година.

„Многу го сакав. Очекував дека еден ден ќе основаме семејство, но Џастин не беше среќен поради мојата бременост. Рече дека не сме подготвени за дете, дека сме премногу млади“, напишала пејачката.

ВИДЕО | Бритни Спирс објави провокативни видеа, „пријател“ ѝ ја лиже ногата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот