Британски разузнавачи тврдат дека во Украина се убиени 70.000 Руси

Мртовечница Украина Доњецк/ Фото: Justin Yau / ddp USA / Profimedia

Околу 70 илјади руски војници и платеници загинаа од инвазијата на Украина, процени британското Министерство за одбрана (МО) во своето дневно ажурирање за војната објавено денеска, јави ДПА.

Бројката е составена од 50 илјади војници од руската војска, како и дополнителни 20 илјади платеници од групата Вагнер и го опфаќа периодот од 24 февруари 2022 година до крајот на ноември оваа година.

Според извештајот, повредени се уште 180 илјади до 240 илјади војници, заедно со 40 илјади платеници.

Двете страни внимателно ги чуваат податоците за нивните жртви, што ја прави невозможна потврдата на проценките, наведува германската новинска агенција.

Според проценката на НАТО, на крајот на ноември, руските жртви, загинати и повредени, надминале 300 илјади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот