Лондонска Мет полиција / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Британски пар осуден на 14 години затвор за убиство на нивното бебе

Британка и нејзиниот партнер беа во понеделник осудени на 14 години затвор за убиство од небрежност на нивната ќерка, бидејќи се обиделе да избегнат откривање од страна на социјалните служби и накратко предизвикале национална потера, пренесува Ројтерс.

На осудените Констанс Мартен и Марк Гордон кон крајот на 2022 година им се загубил секаков траг, кога Мартен била бремена, соопштија обвинителите.

Четирите претходни деца на двојката беа земени под надзор и двојката избега со „јасна цел да се осигурат дека ниедна локална власт нема да има надлежност над нив“, рече судијата Марк Лукрафт додека им ја изрекуваше пресудата на Мартен и Гордон.

Мартен, 38, и Гордон, 51, спиеле неколку недели во шатор во јужна Англија за време на ниските зимски температури, што е дел од она што обвинителите го опишаа како „арогантно и на крајот крајно небрежно однесување“ на двојката.

Двајцата се изјаснија за невини, но по судењето во лондонскиот суд Олд Бејли, беа осудени во јули за убиство од небрежност, попречување на правдата, суровост кон деца и прикривање на раѓањето на дете.

Мартен и Гордон беа барани од полицијата од јануари 2023 година, откако нивниот напуштен автомобил беше пронајден во пламен со плацента завиткана во крпа внатре, во близина на Манчестер во северна Англија.

По речиси двомесечно пребарување, во кое двојката често беше на насловните страници на британските весници, Мартен и Гордон беа пронајдени во Брајтон на јужниот брег на Англија.

Телото на нивното дете беше пронајдено два дена подоцна.

Лукрафт им рекол на двајцата дека „ниту еден од вас не размислувал многу, ако воопшто размислувал, за грижата или благосостојбата на вашето бебе – вашиот фокус бил на себе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот