Ковчегот со телото на кралицата Елизабета е изложено со денови во Вестминистерската палата/ EPA-EFE/UK PARLIAMENT/ROGER HARRIS HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британската војска ја одржа првата генерална проба за погребната поворка на кралицата Елизабета Втора

Стотици војници од британската армија, воздухопловните сили и морнарицата учествуваа во генералната проба на погребната поворка, која ќе заврши со положување на ковчегот на кралицата Елизабета Втора.

Рано утрово војската се построи во алејата која води до замокот Виндзор и тргна, предводена од армиски оркестар.

Во понеделник тие ќе учествуваат во погребната поворка, опкружени со илјадници граѓани кои се очекува да го посетат Виндзор за да се збогуваат со Елизабета Втора.

Британските власти повторно дозволија пристап на сите оние кои сакаат да се збогуваат со Кралицата, што времено беше стопирано поради должината на поворката за влез во Вестминстерската палата каде е изложен ковчегот со нејзините посмртни останки.

„Пристапот до поворката е обновен. Внимавајте, се чека повеќе од 24 часа, а температурите ќе бидат ниски во текот на ноќта”, предупредија синоќа од Владата, притоа посочувајќи на можноста од повторно затворање на пристапот кон колоната.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде в понеделник. Се очекува за церемонијата да допатуваат над 500 претставници од двеста држави, соопштибританскиот Форин Офис. Меѓу нив има речиси сто шефови на држави и шефови на влади, како и над дваесет членови на кралски семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот