Британија ја обвинува Руската федерална служба за безбедност за онлајн шпионирање

Фото: Пекселс/ vincent-wei

Велика Британија воведе санкции против две лица од Русија и го повикало рускиот амбасадор во Лондон, поради обиди за влијањето во британскиот политички живот и демократски процес.

Според соопштението на британското Министерство за надворешни работи санкциите се воведено откако се откриени дејствијата на група сајбер-криминалци поврзани со руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Во нивното соопштение објавено на 7 декември е посочено дека сајбер-шпионирањето било спроведено од група хакери зад кои стои единица на сајбер шпионски операции од ФСБ насочени кон Британија.

Русија, пак, постојано ги негираше тврдењата дека е вклучена во такви активности.

Секретарот за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека дејствијата на групата се „целосно неприфатливи“.

„И покрај постојаните напори, обидите им се неуспешни. Ние ќе продолжиме да работиме заедно со нашите сојузници за да ги разоткриеме руските тајни сајбер активности и да бараме одговорност од Русија за нејзините постапки“, рече поранешниот премиер.

Рускиот амбасадор беше недостапен откако вчера беше повикан, но претставниците наместо тоа се сретнаа со заменик-шефот на мисијата на руската амбасада и ја изразија длабоката загриженост на ОК за сајбер-нападите.

Групата е обвинета дека извршила стотици хакерски напади против политичари, државни службеници, оние кои работат за тинк-тенкови, новинари, академици и други во јавниот живот. Федералната служба за безбедност (ФСБ) е агенцијата наследник на КГБ, која функционираше во текот на Студената војна.

Рускиот претседател Владимир Путин беше директор на ФСБ одреден период во 1990-тите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот