
Брисел бара од Унгарија да го смени законот за ЛГБТ
Седумнаесет земји-членки на Европската Унија вчера издадоа заедничка декларација во која изразуваат длабока загриженост поради најновите измени во унгарското законодавство и забраната за годишната Парада на гордоста. Тие сметаат дека е недозволиво законски да се признаваат само два пола – машки и женски, и се залагаат трансродовите и интерсексуалните лица да бидат вклучени во унгарскиот устав.
Препорачано
Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Латвија, Литванија, Луксембург, Холандија, Португалија, Словенија, Шпанија и Шведска сметаат дека овие мерки ги кршат основните европски вредности како што се човековото достоинство, еднаквоста и почитувањето на човековите права, се наведува во декларацијата.
Земјите потписнички на декларацијата ја повикуваат Унгарија да ги преиспита овие законски решенија и ја повикуваат Европската комисија да преземе „одлучни чекори во рамките на механизмите на ЕУ за владеење на правото доколку законодавството не се измени“ во согласност со нивната жалба.
Советот на Европа е особено загрижен за нацрт-законот што би ѝ овозможил на унгарската влада да ги следи, ограничува и потенцијално да ги забранува организациите што ги смета за закана за националниот суверенитет, бидејќи, според соопштението, законот би можел да ја загрози слободата на изразување и работата на граѓанското општество.
Најстрогата мерка за Унгарија би можела да биде суспендирање на нејзиното право на глас во Советот на Европа, под услов сите земји-членки на ЕУ да се согласат со ова. Сепак, според информациите на унгарскиот весник „Непсава“, во моментов, ЕУ нема такви намери . Иако повеќето држави сакаат процесот да продолжи, потребното мнозинство од четири петтини за следниот чекор сè уште не е воспоставено, се вели во весникот.