фото: РФМ

Брестовац без изненадувања со списокот на ракометари за ЕП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го објави поширокиот список од 28 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на ЕП 2020 во јануари.

Селекторот се одлучи за проверени имиња, а скратениот список на играчи кои ќе бидат повикани за стартот на подготовките и турнирот во Романија кон крајот на овој месец, ќе биде дополнително објавен.

Според планот за подготовки на селекторот, репрезентацијата ќе се комплетира на 2 јануари со пристигнување на интернационалците, по што ќе се замине на завршни подготовки во Словенија каде ги очекуваат две контролни средби до стартот на ЕП2020 и првиот дуел со Украина кој се игра на 10 јануари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!