фото: Brera Strumica

Брера во финишот го скрши отпорот на Шкупи за прва радост во шампионатот

АП Брера успеа да стигне до првата победа во Првата македонска фудбалска лига оваа сезона, откако го совлада Шкупи со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Кире Стојанов во 85 минута од мечот.

Беше тоа борбен натпревар во Струмица, а Брера покажа за нијанса повеќе, токму за да ги освои бодовите.
На стартот, Сухељ Мухарем во 18 минута постигна гол за Шкупи, но беше досуден офсајд, а потоа одлуката беше потврдена и од ВАР собата.

Во 48 минута, шанса за домашните имаше Никола Величковски, но шутираше над голот откосо од левата страна. Во 60 минута, Антовски нафрли од слободен удар, а Аризанкоски шутираше со глава, за малку непрецизно.

Во 85 минута, Брера конечно дојде во водство. Кире Стојанов доби топка на левата страна, успеа да се ослободи од противникот и да погоди во спротивниот агол, но во прв момент беше досуден офсајд.

Сепак, по триминутна проверка на ситуацијата во ВАР собата, голот на Стојанов беше признат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот