фото: EPA-EFE/Bo Amstrup

Бразилецот Рудолф Хекберт од следната сезона во РК Еурофарм Пелистер

Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт е нов член на ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер.

Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.

Се работи за 31-годишен ракометар со многу одличја во дресот на бразилската репрезентација. Хекберт е двоен шампион на Јужна Америка, медалист од Панамериканските игри и стрелец на преку 300 гола за „кариоките“.

Во клупскиот ракомет настапуваше во Бразил и Шпанија, а во АСОБАЛ лигата ги носеше дресовите на Ла Риоја од Логроњо, Хуеска и Куенка, клубот од кој доаѓа во Битола.

Хекберт потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на почетокот од подготовките за следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот