фото: Taekwondo Klub Butel

БРАВО: Ведрана Тунески прогласена за најдобар кадет на таеквондо турнирот во Белград

Македонскиот таеквондо клуб „Бутел“ беше најдобар на меѓународниот турнир „Империум Опен“ во Белград, Србија.

Освен пехар за најдобар клуб на турнирот, Бутел се закити и со пехар за најдобар јуниорски тим на турнирот и пехар за најдобар натпреварувач кадет на турнирот, Ведрана Тунески.

Ведрана Тунески уште еднаш покажа дека станува збор за голем талент во македонското таеквондо. Минатиот месец се закити со злато на „Астерикс купот“ во Ниш.

Под водство на тренерот Иван Крстевски, беа освоени вкупно 17 медали од кои четири златни, пет сребрени и осум бронзени.

Кај јуниорите злато освоија Дарко Георгиевски, Филип Блажевски и Дамјан Раевски, а до сребро дојде Андреј Василевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!