Фото: Screenshot

Братот на Никола Јокиќ уапсен поради инцидент на натпревар во НБА

Страхиња Јокиќ (41), братот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, е уапсен и обвинет за напад на натпревар на Денвер нагетс, кога удрил човек во лице. Братот на Никола Јокиќ е уапсен под сомнение за напад од трет степен во врска со тепачката во „Бал арената“ за време на натпреварот против Лос Анџелес лејкерс во април.

Страхиња Јокиќ беше обвинет за напад од трет степен и се појави во Окружниот суд во Денвер во вторникот, според судските записи.

Полицијата во Денвер првпат дозна за тепачката „преку вирално видео на ТикТок на кое се прикажуваат членови на семејството на играчот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ како се расправаат со неидентификуван навивач на трибините“, се вели во изјавата за апсењето.

На видеото се гледа „вербална размена“ меѓу навивачите и Страхиња и Немања Јокиќ пред еден од браќата да го удри навивачот во лицето, пишува полицијата. Еден детектив од Денвер го интервјуираше навивачот три дена по натпреварот на 22 април и забележа дека има исеченици и модринки околу и под левото око.

Мажот во полиција изјавил дека еден од браќата Јокиќ, „голем тип со мохавк“, го удрил по лицето и дека нападот бил неиспровоциран. Полицијата подоцна го идентификувала Страхиња Јокиќ преку тетоважата на неговиот врат.

На мажот, според изјавата, подоцна му бил дијагностициран потрес на мозокот. Најпрвин не сакал да го тужи Страхиња Јокиќ бидејќи се плашел од одмазда и се грижел за безбедноста на семејството, но на почетокот на мај се предомислил.

Кога полицијата стапила во контакт со него, Страхиња Јокиќ им рекол дека верува дека не направил ништо лошо бидејќи бранел постар човек кој долго време го познава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот