Фото: EPA/DANIEL HAMBURY

Бранителката на трофејот елиминирана во третото коло на Вимблдон

Бранителката на титулата на Вимблдон, Барбора Крејчикова, не успеа да го продолжи походот кон одбрана на трофејот на Вимблдон отккао во третото коло беше елиминирана од Американката Ема Наваро со 2-1 во сетови.

Чешката тенисерка одлично го започна мечот, го освои првиот сет со убедливи 6-2 и најави уште една рутинска победа, но потоа нејзината игра значително опадна. Наваро ја презеде контролата, израмнувајќи со 6-3 во вториот сет.

Во одлучувачкиот трет сет се водеше борба за секој поен, но Американката беше поконцентрирана и посигурна, успевајќи да го затвори мечот и да слави голема победа. Мечот траеше два часа и 27 минути.

Во осминафиналето Наваро ќе се соочи соМира Андреева, која претходно ја совлада Хејли Баптист со сигурни 2-0 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот