фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Борусија Дортмунд или Баерн: Последното коло ќе одлучи кој ќе биде шампион во Бундеслигата

Денеска завршува сезоната во најсилното германско првенство со натпреварите од 34 коло по кое ќе го дознаеме шампионот.

Минатото коло бранителот на титулата во Бундес лигата, Баерн Минхен дома загуби од Лајпциг, а тоа го искористи Борусија Дортмунд која славеше на гости кај Аугсбург.

„Милионерите“ се моментно првопласирани со 70 бодови, два повеќе од второпласираниот Баерн. Од 15.30 часот Борусија Дортмунд ќе го пречека Мајнц, додека Баерн ќе му гостува на Келн.

Играчите на Томас Тухел мора да атакуваат на трите бода против Келн, а доколку тоа се случи во тој случај на фудбалерите на Един Терзиќ нема да им одговара и реми против Мајнц поради многу подобрата гол разлика која ја има Баерн.

Баерн доминира во Германија од сезоната 2012/2013 со 10 титули во низа, а последен пат Борусија Дортмунд беше шампион во сезоната 2011/2012.

Се води и битка за опстанок во елитата, Херта Берлин е веќе во втората Бундес лига, додека Аугсбург, Штутгарт, Бохум и Шалке ќе се обидат да избегнат преселба во понизок ранг.

Бундес лига 2022/2023

Последно, 34 коло – двојки:

15.30 часот
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург
Бохум – Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд – Мајнц
Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург
Келн – Баерн Минхен
Лајпциг – Шалке
Штутгарт – Хофенхајм
Унион Берлин – Вердер Бремен
Волфсбург – Херта Берлин

Табела:

1. Борусија Дортмунд (гол разлика +39) 70 бодови
2. Баерн Минхен (гол разлика +53) 68
3. Лајпциг 63
4. Унион Берлин 59
5. Фрајбург 59
6. Баер Леверкузен 50
7. Волфсбург 49
8. Ајнтрахт Франкфурт 47

9. Мајнц 45
10.Келн 42
11.Борусија Менхенгладбах 40
12.Вердер Бремен 36
13.Хофенхајм 35
14.Аугсбург 34
15.Штутгарт 32
16.Бохум 32
17.Шалке 31
18.Херта Берлин 26

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот