Бојко Борисов / AFP / Profimedia

Борисов започнува разговори со ИТН и БСП

Победничката партија на последните избори во Бугарија ГЕРБ-СДС утре започнува разговори со можните коалициони партнери за заеднички политички настап во рамките на 51-то Народното собрание. Вчера кандидатката на ГЕРБ-СДС за претседател на Собранието Раја Назарјан не го доби потребното мнозинство од пратениците, а ист број на гласови доби и кандидатот на ПП-ДБ Андреј Цеков.

Според соопштението од партијата, утре ГЕРБ-СДС ќе преговара за владина коалиција прво со БСП-Обединета левица, а потоа и со политичката партија „Има таков народ“. Разговорите ќе се одржат во Народното собрание.

Од страна на ГЕРБ-СДС, средбите ќе ги води претседателот на партијата Бојко Борисов, заедно со Раја Назарјан, Томислав Дончев и Росен Жељазков.

Идејата на Борисов беше да ја предводи владата во која заедно ќе бидат ГЕРБ-СДС, Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ), БСП и ИТН. Но од ПП-ДБ јасно потенцираат дека нема да влезат во влада во која премиер односно претседател на Министерскиот совет е лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.

Борисов досега беше категоричен дека нема да прави коалција со партијата на Дељан Пеевски ДПС – Нов почеток ниту со партијата од која бизнисменот Пеевски отцепи дел од паријата, Алијанса за права и слободи на Ахмет Доган.

„Борисов е лидер на првата партија. Може да покани кого сака, должен е да формира влада. Само чекам да видам каква бесрамна склопка ќе направат за да седнат во скутот на Борисов – цела таа групичка Кики, Мики, Ники. Со тие луѓе никогаш нема да имам ништо заедничко. Со нив завршив сè, кога дознав дека во кабинетите сакаат да го приклучат лидерот на ГЕРБ“, рече Пеевски.

Од БСП не ја коментираа подадената рака од Борисов, но не ја исклучија можноста да ја прифатат, а од „Преродба“ и МЕЧ ја коментираа формулата на власта.

„Политиката е вистинскиот пристап. Факт е дека во парламентот сите партии освен „БСП-Обединета левица“ имаат десно-либерална идеологија, односно имаат можност да формираат таква влада, а ние можеме да бидеме добра левичарска алтернатива“, истакна Атанас Зафиров , в.д. претседател на БСП.

„Можно е да има влада, но каква и да е, таа нема да биде стабилна. Единствена стабилна влада што може да постои е влада со „Преродба“, коментираше лидерот на партијата Костадин Костадинов.

„Планот MEЧ мора да функционира: сите против Пеевски, Борисов и Доган“, рече лидерот на МЕЧ Радостин Василев, чија партија влезе како последна во бугарскиот парламент со освоени 12 пратенички места.

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!