Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Борел со порака до Русите: Путин не е рускиот народ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел денеска директно на Твитер им се обрати на Русите, нагласувајќи дека „Путин не е рускиот народ”.

„Кремљ не е Русија. Путин не е рускиот народ”, напиша Борел.

Тој, исто така, додаде дека речиси 2.000 храбри Руси биле брутално приведени во десетици градови поради учество во мирните антивоени акции против неоправданиот напад врз соседната суверена држава – Украина.

Украинската државна агенција Укринформ објави дека Путин на 24 февруари најави почеток на специјална воена операција во Донбас, што украинскиот претседател Володимир Зеленски до денеш ото обраќање оцени оваа руска инвазија врз неговата земја е почеток на војната во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот