Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Жозеп Борел / Фото: Архива

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека признавањето на палестинската држава не е подарок за палестинската милитантна група Хамас.

Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас, напротив, изјави Борел, наведувајќи дека палестинските власти не се Хамас и дека, напротив, тие се длабоко во конфликт.

Борел истакна дека ЕУ веќе ги финансирала палестинските власти и се сретнала со нив и посочи дека секогаш кога некоја земја ќе донесе одлука да ја поддржи палестинската држава, Израел тоа го прогласува за антисемитски напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот