Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Борел: ЕУ е со Србија во овие тешки моменти

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ е со Србија во вакви тешки моменти по уште една трагедија во која загинаа невини луѓе.
Борељ се огласи на Твитер во врска со пукањето што се случи синоќа во околината на Белград, во Младеновац, во кое загинаа осум лица, а 14 беа ранети.

„Уште едно масовно пукање во Србија во кое беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна, страшна трагедија, ја чувствуваме болката и стоиме со народот на Србија во овие тешки моменти. ЕУ е со Србија“, напиша Борељ на Твитер.

Осум лица загинаа, а 13 се ранети, од кои седум се во критична состојба во престрелката што се случи синоќа кај Младеновац, бидејќи напаѓачот пукал кон нив од автоматско оружје.

Најмладата жртва во престрелката во околината на Младеновац е 14-годишно дете, а убиен е и 20-годишен полицаец, како и неговата сестра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот