Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Борбата е директно да одиме на Мундијал, Македонија бараж веќе има обезбедено!

По вчерашните квалификациски натпревари стана јасно дека Македонија и дефинитивно има обезбедено бараж за настап на Мундијалот и тоа преку Лигата на нации каде што во нашата група го освоивме првото место.

Сега останува отворено прашањето од кој шешир ќе влеземе во баражот, што во голема мера ќе зависи од нашиот конечен пласман во квалификациската група. Баражот го обезбедуваме затоа што голем дел од селекциите кои беа први во своите групи во Лигата на нации веќе сигурно ќе играат директно на Мундијалот или во плејофот.

Доколку завршиме на втората позиција, постои реална можност да бидеме извлечени од вториот или третиот шешир, додека третото место нè води во четвртиот шешир. Тоа значи потенцијално потешки противници во баражот.

Според моменталните проекции, меѓу најизвесните можни ривали ни се селекциите на Италија и Турција, но ситуацијата може да се промени бидејќи Италија има и реални можности да биде прва во својата група, па така воопшто не би играла бараж. Затоа за потенцијалните противници ќе треба да го почекаме крајот на квалификациите.

Треба да се потсети и дека Македонија е лидер во својата група, па така реално и ние и понатаму сме во игра за првата позиција која обезбедува директно место на Мундијалот во САД. Сепак, нема да биде лесно тоа мессто да го задржиме затоа што до крајот на квалификацискиот циклус нè чекаат гостувања во Велс и Белгија, додека дома ќе бидеме фаворити со Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот