Бонучи тешко го поднесе поразот од Интер во Суперкупот на Италија/ фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Бонучи казнет поради закани кон функционер на Интер

Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи е казнет со 10.000 евра поради инцидентот на натпреварот од Суперкупот на Италија помеѓу „старата дама“ и Интер.

Интер славеше со 3:2 и тоа со голот во Алексис Санчез со 120 минута од натпреварот. Бонучи во моментите на постигнување на победничкиот гол на Санчез, се наоѓаше покрај теренот и требаше да влезе во игра за да биде еден од изведувачите на пенали.

Во тие моенти покрај него се наоѓаше Кристијано Мозилјо, функционер на Интер кој почна да скока од среќа по голот на Санчез. Тој потег не му се допадна на Бонучи и го оттурна Мозилјо и му се заканил дека ќе го убие доколку продолжи да се радува пред него.

Веднаш реагираа луѓето од двете екипи и спречија поголем инцидент, а дисциплинската комисија одлучи да го казни Бонучи со 10.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот