Фото: AC Milan

„Бомба“ во Загреб: Динамо се засили со фудбалер на Милан

Динамо Загреб изненади и потврди големо засилување во своите редови, поранешниот ас на Милан и алжирски репрезентативец Исмаел Бенасер ќе го носи дресот на хрватскиот шампион. Тој пристигнува на едногодишна позајмица од италијанскиот гигант, со можност договорот да биде откупен.

Бенасер зад себе има одлична кариера во дресот на Милан, каде што одигра 137 натпревари во Серија А и европските натпреварувања. На Африканскиот куп на нации во 2019 година беше прогласен за најдобар играч на турнирот, а со Милан ја освои титулата во Серија А во сезоната 2021/2022.

Особено се памети неговиот гол во четвртфиналето против Наполи во Лигата на шампионите, со кој „росонерите“ обезбедија пласман во полуфиналето. Тогаш важеше за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во светот.

Но, кариерата му беше забавена од тешка повреда на коленото поради која мораше на операција. Сепак, минатата полусезона ја мина на позајмица во Олимпик Марсеј, каде што повторнопокажа квалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот