Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Болт: Србија има „тројка“ што се издвојува, Видиќ за мене е посебен!
Усеин Болт, најбрзиот човек во историјата и еден од најголемите атлетичари на сите времиња, беше гостин во Белград како дел од промотивните активности за ЕКСПО 2027.
Препорачано
Легендарниот Јамајканец даде интервју за РТС, а највпечатливиот дел од разговорот се однесуваше на српските спортисти кои тој особено ги почитува.
Иако за време на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не се зборувало директно за Новак Ѓоковиќ (кој е во немилост на Вучиќ и властите поради поддршката на студентските протести во земјата) или барем тоа не беше јавно споделено, Болт отворено го издвои Ѓоковиќ како еден од најголемите.
„Постои тројка што се издвојува, тоа се Ѓоковиќ, еден од најдобрите, ако не и најдобриот тенисер во историјата, потоа Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, иако јас навивам за Голден Стејт и еден од најдрагите за мене, Немања Видиќ, кој играше за мојот омилен клуб Манчестер јунајтед и има посебно место во моето срце“, посочи Болт.
Сопственикот на осум олимписки златни медали истакна дека неговата инспирација секогаш била поврзана со спортските легенди.
„Мајкл Џордан и Мухамед Али, Пеле, тоа беа имињата што ми беа идоли. Сакав кога ќе се зборува за спортски легенди, да се зборува и за мене. Затоа вложив сè од себе, работев напорно и решив да бидам еден од најдобрите спринтери на светот“, изјави Болт.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
14мин
-
15мин
-
18мин
-
21мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5