Бојан Јовановски/Боки13 Фото: Принтскрин

Боки 13 останува на слобода, лекари потпишале дека во затвор нема услови да се лекува

Здравствената состојба на осудениот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка, не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови – тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода, објави порталот „Скопје1“.

Д-р Стојанче Јованов од Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“, околу постојаното присуство на Јовановски во јавноста и покрај тешкиот наод потпишам од лекарскиот конзилиум, вели дека на Јовановски „не му е забрането да ги обавува своите животни функции и му се препорачува физичка активност“. На Боки 13 состојбата му се третира секојдневно, со болнички лекови и посебни режими, вели д-р Стојанов.

„Се препорачува физичка активност, особено не му е забрането да си ги обавува своите животни функции за да си заработи за егзистенција. За да ги обавува овие функции тој мора да биде на високи дози на аналгетици, да прима ампуларна терапија против повраќање – антиемитици и особено антиулкусна терапија против воспалување и појава на чирови во остаточниот дел од желудникот“, вели докторот Јованов за „Скопје1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот