Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар. / Фото: МИА

Богдановиќ против насилството врз жените во политиката

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, се вклучи во кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“, креирана од Националниот демократски институт (НДИ), поддржана од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка.

Кампањата, како што соопшти Општината Центар, има за цел да ја подигне свеста за присутноста на насилството врз жените како во политиката, така и во сите останати општествени сфери, вклучително и сегментот на ниското учество на жените во политичките процеси и процесите на одлучување.

Градоначалникот Богдановиќ упати повик до сите граѓани да се вклучат во кампањата и со заеднички сили да се придонесе за конечно и целосно искоренување на овој општествен феномен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот