Џек Ма

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Казната од неколку милијарди долари која кинеските регулатори ја изрекоа за Алибаба поттикна раст на акциите на овој гигант во е-трговија, со што значително се зголеми и богатството на основачот на компанијата, Џек Ма.

Акциите на Алибаба, кои котираат на берзата во Хонгконг се зајакнаа два дена по ред, при што денеска напредуваа за околу 0,5 отсто, после вчерашниот скок од преку 6 проценти, додека на Вол Стрит во понеделникот пораснаа за повеќе од 9 отсто, најмногу во последните речиси четири години, пренесува Раша тудеј.

Порастот на вредноста на Алибаба ја зголеми и нето вредноста на Џек Ма, која според „Блумберг“ за само еден ден порасна за 2,3 милијарди долари, достигнувајќи 52,1 милијарда долари.

Тој е моментално 25-тиот најбогат човек на светот и третиот најбогат во Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот