Фото: Pexels/ Karolina Grabowska

Богатите советуваат: Три работи на кои не треба да штедите

Многу луѓе избираат да штедат, или за полесно да се снајдат до следната плата или за да заштедат доволно за инвестиции и подобра иднина.

Но, некои штедат на погрешни работи, па затоа често и двапати го купуваат истото, што во никој случај не е исплатливо. Двајца успешни луѓе, кои изградиле биснис и сега се милионери за „Гоубенкингрејтс“ објаснуваат за трите работи на кои никогаш не треба да штедите.

Џон Девенпорт и неговата сопруга ја водат занаетчиската дестилерија за пијалоци „Три кросес дистилинг компани“ (Three Crosses Distilling Company) и најмногу инвестираат во недвижен имот. Бренда Кристенсен пак, е извршен директор на „Стелар“ (Stellar) компанија за односи со јавноста.

Квалитетна облека

Семејството Девенпорт паднало во стапицата да купуваат евтина облека, но многу брзо сфатиле дека парите што ги потрошиле на неквалитетна облека мора повторно да ги потрошат, овој пат во поголема сума, на поквалитетна облека.

„Небрендираната облека од продавници со попуст или големи синџири на продавници не беше издржлива. Ќе избледе, ќе се намали или ќе ја изгуби својата форма, и на крајот купуваме облека со повисок квалитет, на која се обидуваме да заштедиме пари“, вели Девенпорт.

Квалитетни апарати за домаќинство

Кристенсен се обидела да заштеди пари со купување поевтини апарати за домаќинство, но тоа само довело до почести и поскапи замени. Така, таа го прилагодила својот пристап и почнала да купува производи за кои знае дека ќе траат.

„Инвестирањето во висококвалитетни, издржливи производи, дури и ако се поскапи, е попрофитабилно на долг рок. Тоа ја намалува фреквенцијата на поправки и замени и обезбедува подобар поврат на инвестицијата и резултира со помали непријатности“, објаснува таа.

Уредување и поправки на домот

Без разлика дали живеете во куќа или стан, многу луѓе се обидуваат да заштедат пари така што сами ќе прават поправки во домот наместо да платат стручно лице. Тие сметаат дека нема потреба да плаќаат некому да коси тревник или да лепи плочки.

Кристенсен го правела тоа некое време, поточно си ја уредила градината и сама го чистела базенот. На почетокот, ова, како и купувањето евтини апарати за домаќинство, се покажало како солиден метод за штедење, но набрзо сфатила дека ѝ одзема премногу време, кое може да го потроши на работа и заработка. Така таа решила да најми некој да го направи тоа за неа, што се покажало многу поисплатливо за неа.

Ангажирањето мајстор за поправки на домот не е само ефикасен начин за заштеда на време, туку и пари. Ако не сте експерт за одредена поправка или инсталација, подобро е работата да му ја доверите на професионалец.

На овој начин не само што избегнувате губење време, туку и го намалувате ризикот од дополнителни трошоци што би можеле да ги имате доколку се обидете сами да ја завршите работата, а потоа мора да платите некого за да ги исправи сите грешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот