Јахти / илустрација / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Богатите Израелци бегаат со јахти за 600 евра од човек, редот накај Кипар е голем

Богатите државјани на Израел се свртеле кон морето како излез од оваа земја во време на војна со Иран, кога аеродромите се затворени, а главната дестинација, во повеќето случаи само привремено, е Кипар, пишува „Харец“.

Според весникот, стотици Израелци секое утро чекаат свое место на мали јахти кои, по „солена“ цена, претставуваат средство за бегање од земјата во која не е безбедно да се биде во моментов.

„Повеќето од патниците велат дека не живеат во Израел и само се обидуваат да се вратат дома. Други велат дека патуваат во странство за да им се придружат на своите деца или партнери. Само неколкумина признаваат дека бегаат од заканата од ирански ракетни напади. Никој не е спремен отворено да разговара со печатот“, пишува „Харец“.

Моменталната цена е 2.500 шекели по патник, или околу 625 евра. Сепак, некои превозници бараат до 6.000 шекели (1.450 евра).

Израелските власти го затворија воздушниот сообраќај на земјата откако пред неколку дена Израел го нападна Иран, почнувајќи ја војната која оттогаш само ескалира.
Исто така, излегувањето од земјата на граничните премини за патници е значително отежнато, а владата предводена од Бенјамин Нетанјаху се обидува да врати некои израелски жители кои живеат надвор од земјата.

Вреди да се истакне дека, како што пишува „Хаарец“, луѓето кои патуваат надвор од Израел на овој начин најчесто го користат Кипар како привремена дестинација, а од овој остров патуваат понатаму во Европа, но и во други делови од светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот