Фото: Бобанчо Бобан Илиоски/ФБ

Бобан Илиоски ќе ја брани светската титула на ВАКО Про во К1 во Париз

На 14 јуни во Париз, Франција, македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски ќе ја брани светската титула на ВАКО Про во К1.

Илиоски во категоријата до 86 килограми за противник ќе го има предизвикувачот Кадри Мурсели од Франција.

Инаку Илиоски стана светски професионален шампион откако лани во Скопје го совлада Берк Дузенли од Турција со 2:1.

Воедно минатата година нашиот кик-боксер дојде и до златен медал на Европското првенство во Грција и ја одбрани титулата освоена пред две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот