
„БМВ“ повлекува стотици илјади автомобили, имало можност да се запалат од анласерот
Германскиот автомобилски гигант „БМВ“ соопшти дека стотици илјади негови автомобили итно треба да одат на сервис поради сериски дефект кој во екстремни случаи може да предизвика пожар, јавува „ТТЊуз“.
Препорачано
Проблемот е во анласерот, кој кај одредени модели може да ‘рѓоса и да направи краток спој.
Според информациите од Германија, засегнати се повеќе модели произведени помеѓу септември 2015 и септември 2021 година.
Иако „БМВ“ не откри точен број на автомобили кои се повлекуваат, познато е дека се работи за 136.500 возила во Германија и околу 195.000 во САД. Вкупната бројка е веројатно значително поголема, бидејќи кампањата ги опфаќа и азиските и останатите европски пазари, пренесе ДПА.
Компанијата предупредува дека во анласерот може да навлезе вода која ќе предизвика корозија, а во одредени случаи е можен краток спој и прегревање на анласерот и пожар, дури и кога автомобилот е паркиран.
Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот (NHTSA) ги советува сопствениците на погодените возила избегнуваат да ги паркираат во затворен простор и советува засегнатите автомобили да се паркираат на отворено и подалеку од згради, сè додека дефектот не биде отстранет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
12мин
-
12мин
-
25мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5