„БМВ“ паднало во надојдениот Лепенец, по тројца патници се трага

Автомобил „БМВ“ со косовски таблички попладнево паднал во реката Лепенец, откако претходно се судрил со друг автомобил, соопшти полицијата. Еден човек е спасен, додека по тројца негови сопатници сѐ уште се трага, велат од МВР.

„Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП „Блаце“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управуван од Б.Б. од Скопје и автомобил „БМВ“ со косовски регистарски таблички, управуван од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во „БМВ“-то, покрај возачот, имало и тројца сопатници“, велат од МВР.

Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите тројца се трага, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот