Фото: НАТО

Блумберг: НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

НАТО, во обид да го зголеми производството на оружје, почна да споделува доверливи проценки со своите одбранбени индустрии членки кои одредуваат какви видови оружје и опрема треба да произведуваат земјите од Алијансата, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори.

Овој потег е дел од напорите на НАТО да го поттикне зголеменото производство на оружје како дел од она што генералниот секретар на Алијансата Марк Руте го нарече „смест кон воениот начин на размислување“, пишува агенцијата.

Како што наведуваат неименувани извори, НАТО се обидува на компаниите од секторот за производство на оружје да им обезбеди информации за потенцијалните цели со цел да ги убеди да го зголемат производството.

За таков чекор е потребен консензус меѓу сојузниците, а тоа би можело да се постигне во следните неколку месеци, вели еден извор.

Според Блумберг, овој потег е поттикнат и од враќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Тој претходно се закани дека ќе ја задржи воената поддршка од членките на НАТО кои трошат помалку за одбрана.

Во посебна процедура, Алијансата веќе го започна процесот на споделување голем број доверливи стандарди и воени критериуми со земјите од ЕУ, од кои само девет не се членки на НАТО, велат изворите.

Овие воени критериуми имаат за цел да ги усогласат вооружените сили на членките на Алијансата со цел да се постигне нивната интероперабилност, како што се, на пример, калибри на оружје или заедничка воена терминологија.

Неименуван претставник на НАТО рече дека Алијансата ги презела овие чекори, во кои е вклучена и ЕУ, како дел од нејзините нови одбранбени планови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот