Претседателката Г. Сиљановска Давкова и специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, К. Пирс

Блокадата кон ЕУ може да се реши со „креативно толкување на преговарачката рамка“, вели Сиљановска Давкова

Оценувањето на напредокот на државата треба да биде меритократско, со фокус на исполнувањето на Копенхагенските критериуми, а негирањето на националниот и културниот идентитет е спротивно на европските темелни вредности и принципи, ѝ порачала македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.

На нивната денешна средба во Скопје, која според Сиљановска, е показател за британската заинтересираност и посветеност на Западен Балкан, укажала на деструктивноста на билатерализацијата на преговарачкиот процес под закана со вето.

Можно надминување на блокадата, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, Сиљановска Давкова гледа во креативно толкување на Преговарачката рамка и надлежноста на Мешовитата комисија за историски и образовани прашања.

Специјалната пратеничка Карен Пирс изразила разбирање за потребата од надминување на македонската евроинтеграциска блокада.

Соговорничките ја оцениле британско-македонската соработка како успешна, изразувајќи подготвеност за нејзино продлабочување и проширување. Двете очекуваат важни придобивки за регионот од претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот