Близу 600 милијарди долари заедно – „Форбс“ објави кои се најбогатите Руси

Во една година богатството на најбогатите Руси се зголемило за 72 милијарди долари – сега заедно тие имаат вкупно 577 милијарди долари.

Најбогатиот човек во моментов во Русија е поранешниот претседател на нафтената компанија „Лукоил“, Вагит Алекперов, објави „Форбс“.

Финсинсискиот магазин  пишува дека високите цени на суровините во изминатите две години и економскиот раст на Русија фокусиран на војна, кој го намалува влијанието на западните санкции, помогнале во закрепнувањетп и враќање кон сумата од 2021 година, 606 милијарди долари.

Многу руски милијардери станаа цел на западните санкции. Нивното вкупно богатство падна на 353 милијарди долари во 2022 година.

„Богатството на Алекперов пораснало од 20,5 милијарди долари на 28,6 милијарди долари во 2023 година, објави Forbes. Првото место во Русија го презеде од сега веќе седморангираниот Андреј Мелниченко, кој се збогати со земјоделски ѓубрива и чијашто вредност од 25,2 милијарди долари паднала на 21,1 милијарди долари“, пишува „Форбс“.

Леонид Микелсон, шеф на рускиот производител на природен гас „Новатек“, е рангиран на второто место од Forbes. Неговото богатство пораснало за 5,8 милијарди долари на вкупно 27,4 милијарди долари.

„Форбс“ објави дека досега има повеќе милијардери во светот – 2.781. Првите дваесетмина на листата држат најголем дел од богатството, а Алекперов сега е 59-ти во светот.

„Тие се побогати од кога и да е, вкупно вредат 14,2 трилиони долари, што е зголемување од 2 трилиони долари од 2023 година“, пишува „Форбс“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот