Фото: Profimedia/Скриншот/ТикТок

Близок извор тврди: Колегите од концертот на „Колдплеј“ немаа љубовна афера, тоа уништи две семејства

Два месеци по контроверзната снимка од концертот на британската музичка група „Колдплеј“, на која поранешниот извршен директор на „Астрономер“ Енди Бајрон беше забележан со рацете околу својата колешка Кристин Кабот, близок извор открива дека, иако моментот бил „непримерен“, не станувало збор за љубовна афера.

Изворот изјавил дека Кабот и нејзиниот сопруг веќе живееле разделено и биле во постапка за развод, при што и двајцата се согласиле да го зачуваат приватниот карактер на постапката.

„Кристин и Енди имаа одличен работен однос и пријателство. Не беше афера,“ наведува изворот, додавајќи дека таа целосно ја презела одговорноста за непримерната сцена.

Моментот кога Бајрон и Кабот се обидоа да се сокријат од камерата во стадионот „Гилет“ во Масачусетс стана вирален и предизвика лавина реакции. Дури и фронтменот Крис Мартин од сцената на шега рече: „Или се во афера, или се многу срамежливи“.

Иако немало афера, медиумското внимание доведе до сериозни последици: и Бајрон и Кабот поднесоа оставки од компанијата „Астрономер“. Од таму соопштија дека „лидерите мора да бидат пример за однесување и отчетност, а тој стандард неодамна не бил исполнет“.

Кабот, која има долгогодишна кариера во маркетинг и технологија, по скандалот едвај излегувала од дома и се фокусирала на своето семејство. Според изворот, таа добила стотици закани, а јавниот срам и исмевањето биле „шокантни и болни“.

„Најстрашно е колку лесно се ширеше дезинформацијата и колку луѓе уживаа во тоа на сметка на семејства. Кристин неправедно беше етикетирана како ‘растурница на бракови’, што едноставно не е вистина“, вели изворот.

И покрај медиумската бура, изворот нагласува дека Кабот останува фокусирана на своите деца и на приватноста: „Таа е силна, вредна и самостојна жена која се издигнала сама во кариерата. Сега најважно ѝ е семејството“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот