Блинкен во посета на Молдавија

Ентони Блинкен / Фото: Mark Schiefelbein / AFP / Profimedia

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во главниот град на Молдавија, Кишињев, првата дестинација на неговата турнеја во Европа, со цел да ја зајакне западната поддршка за Украина.

Турнејата на Блинкен е во исто време кога Украина се обидува да ги одврати интензивираните руски напади во источниот дел од земјата, а рускиот претседателот Владимир Путин предупреди дека ако на Киев му се дозволи да користи западно оружје за да ја нападне руската територија, тоа ќе предизвика глобален конфликт.

Во Кишињев Блинкен ќе се сретне со претседателката на Молдавија, Маја Санду и други високи функционери.

Потоа Блинкен ќе отпатува за Прага за да учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој ќе се фокусира на подготовките пред Самитот на Алијансата што ќе се одржи во јули во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот