Блинкен уверува дека сојузниците не се заморни од помошта за Украина

Ентони Блинкен - Фотографија ЕПА, Адам Дејвис

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека меѓу сојузниците на НАТО нема „чувство на замор“ кога станува збор за помошта на Украина.

-Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, рече државниот секретар по состанокот НАТО-Украина во Брисел, додавајќи дека сојузниците на НАТО се едногласни во оваа позиција и дека двата дома на американскиот Конгрес континуирано ја поддржуваат Украина, пренесоа британските медиуми.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, претходно денеска го повика Западот да го зголеми производството на оружје, затоа што ЕУ испорача околу 300.000 од ветените милиони артилериски гранати.

-Треба да создадеме заедничка евроатлантска одбранбена индустрија, кажа Кулеба пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, додавајќи дека тоа ќе ја обезбеди и безбедноста на Украина и на самите земји од НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот