Блинкен пристигна во Бразил

Ентони Блинкен / Фото: Mark Schiefelbein / AFP / Profimedia

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен пристигна во својата прва посета на Бразил, неколку дена откако бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва даде контроверзни изјави во кои војната во Појасот Газа ја спореди со холокаустот.

Силва го обвини Израел, кој добива воена и дипломатска поддршка од САД, дека извршил геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, споредувајќи ја израелската офанзива со истребувањето на Евреите од нацистите. По изјавата Силва е прогласен за „персона нон грата“ од страна на Израел.

Портпаролот на Блинкен, Метју Милер изјави дека САД „очигледно не се согласуваат“ со коментарите на Лула.

Ние не мислиме дека има геноцид во Газа, додаде Милер.

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро вчера на платформата Икс ја изрази својата „целосна солидарност“ со Силва, обвинувајќи го Израел дека извршил „геноцид“ врз Палестинците во Појасот Газа.

Блинкен во рамките на својата јужноамериканска турнеја утре ќе ја посети Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот