фото: МНР, Блинкен во Скопје на средба со Османи во рамки на самитот на ОБСЕ

Блинкен по средбите ќе присуствува на работната вечера и си заминува од Скопје, потоа стигнува Лавров

Американскиот државен секретар Антони Блинкен вечерва пристигна во Скопје, каде се сретна со министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

По денешната средба со Османи, државниот секретар на САД Блинкен ќе присуствува на работната вечера што се организира на маргините на Самитот на ОБСЕ, којшто започнува на 30 ноември. Според дипломатски извори, Блинкен по вечерата си заминува од Северна Македонија, додека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе пристигне подоцна вечерва во Скопје. Лавров предводи делегација од околу 80 луѓе.

Вечерва во Владата премиерот Димитар Ковачевски ќе го и пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, за кој исто така е најавено дека си заминува по средбата.

САД високо го ценат придонесот на Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан, рекол американскиот државен секретар Блинкен, кој исто така посочил дека „САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ“, но и искажал голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел, соопшти Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот