„Бледа копија на Керије“: Бејби Лазања добива критики дека го ископирал ланскиот претставник на Финска

Фото: Фејсбук/„Дора“/Ренато Бранѓолица/EPA

По победата на пејачот Марко Пуришиќ, познат по сценското име Бејби Лазања, на фестивалот „Дора“, многумина се воодушевени од хрватскиот претставник на годинашниот Избор за песна на Евровизија. Сепак, има и такви кои сметаат дека Бејби Лазања го ископирал стилот минатогодишниот претставник на Финска, раперот Керије.

„Бејби Лазања е Керије од Али експрес“, „Хрватска секогаш мора да ископира некој изведувач од претходните изданија. Сега му дојде ред на Керије“, „Ме потсетува на финскиот претставник од минатата година, но ми се допаѓа“, „Сосема е јасно кој му бил инспирација за оваа песна“, вака гласат дел од коментарите на обожавателите на Евровизија.

Хрватскиот претставник доби вакви коментари уште од првиот момент кога стана дел од годинашниот фестивал „Дора“ и уште тогаш ги искоментира ваквите обвинувања.

„Знам дека ме споредуваат. Мило ми е за тоа бидејќи го сметам за добар музичар. Тој беше мој фаворит и ако можам некому да му го дадам она што тој ми го даде, тоа одредено чувство, тоа е одлично“, изјави Бејби Лазања во утринската програма на ХРТ кон средината на јануари.

„Искрено, мислам дека луѓето најмногу нè споредуваат поради контекстот на самата Евровизија. Да не беше тоа, мислам дека ќе беше тешко да нè споредат“, додаде тој.

Тогаш водителката го праша за сценскиот настап, за кој не се знаеше многу до тој момент.

„Тој вложи многу во сценскиот настап, сакате ли да одите во таа насока?“ го праша таа.

„Да, тој вложи многу во сценскиот настап, но јас ќе вложам уште повеќе“, ѝ одговори Бејби Лазања.

@hrvatska_radiotelevizija 🎤 @thebabylasagnaofficial komentirao je u emisiji @dobrojutrohrvatska usporedbu s prošlogodišnjim izvođačem Eurosonga @paidatonriehuja te je otkrio neke detalje nastupa za Doru. #hrvatskaradiotelevizija #babylasagna #käärijä #dora #dora2024 #hrvatska #eurosong #DobroJutroHrvatska #fyp ♬ original sound – HRT

Да потсетиме, Марко Пуришиќ, познат по сценското име Бејби Лазања, победи на фестивалот „Дора“ и ќе ја претставува Хрватска на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија со песната „Рим тим таги дим“.

„Ви благодарам на сите што гласавте за мене. Секогаш бев со ставот: Не е готово сѐ додека навистина не е готово. Воопшто не размислував за потенцијалната победа, туку сакав да дадам сѐ од себе“, изјави тој по победата, по што повторно ја изведе победничката песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот