Канје Вест и Бјанка Ценсори / Фото: EPA

Бјанка Ценсори му постави брутален ултиматум на Канје Вест бидејќи „сака повеќе слобода“

Бракот помеѓу Бјанка Ценсори и познатиот рапер Канје Вест е на „стаклени нозе“, а според пишувањата на странските медиуми, Бјанка му поставила на Канје ултиматум, ако сака да го спаси нивниот брак, мора да прифати одредени промени, пренесува „Мирор“.

Имено, извор близок до двојката открил дека тензиите меѓу нив двајца го достигнале врвот, а една од главните причини за конфликтот е забраната што Канје ѝ ја дала на Бјанка да соработува со луксузни модни брендови.

„Таа сака повеќе слобода. Ако тој не го прифати тоа, Бјанка ќе го остави. Ѝ недостига да го прави она што го сака. Не сака да се чувствува ограничена. Таа е многу креативна личност и сака да се истакне како моќна, независна жена“, изјавил изворот.

Потсетуваме, гласините за проблеми во бракот се појавија дури и по доделувањето на овогодинешните Греми награди, каде што Бјанка се појави во проѕирен фустан што предизвика бројни коментари. Набрзо почнаа да циркулираат информации дека двојката се скарала непосредно пред настанот и дека Бјанка подготвувала документи за развод, иако овие обвинувања во тоа време беа демантирани.

Сепак, проблемите продолжија, а наводно Бјанка се обидела да го спаси бракот предлагајќи им да имаат дете. Според извор на „Дејли меил“, таа верува дека родителството би можело да има позитивен ефект врз нивната врска.

„Бјанка го охрабрува Канје да има дете затоа што верува дека тоа ќе го спаси бракот и ќе ја излечи нивната врска. Таа знае колку грижлив татко е Канје и верува дека тој  ќе се однесува сосема поинаку доколку имаат дете, ќе биде повнимателен и помалку импулсивен“, открил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот