
Бјанка Балти по хемотерапијата: Мојата коса расте, а животот носи нови предизвици
Италијанскиот модел Бјанка Балти на својот Инстаграм профил сподели каков е нејзиниот живот по завршувањето на хемотерапијата. Во објавата, таа опиша како се чувствувала во првиот месец по третманот и како нејзината коса повторно расте.
Препорачано
Заедно со фотографијата објавена од Бјанка, таа напиша: “Најлудиот месец во мојот живот. Лудо добар (не лудо лош). Добро, колку што може да се почувствува првиот месец по хемотерапијата. Мојата коса расте, а животот носи нови предизвици.”
View this post on Instagram
Имено, манекенката неодамна присуствуваше на модната недела во Париз каде уште еднаш покажа дека се опоравува и продолжува со својата кариера.
Бјанка почнала со хемотерапија минатата година откако ѝ бил дијагностициран рак на јајниците. Таа на социјалните мрежи јавно проговори за борбата со болеста.
„Отидов во собата за итни случаи и дознав дека мојата болка во долниот дел на стомакот е всушност рак на јајниците. Помина недела полна со страв, болка и солзи, но уште повеќе љубов, надеж, смеа и сила. Засега, ракот ми даде можност да најдам убавина и покрај животните пречки“, напиша Бјанка покрај емотивната фотографија од нејзиниот болнички кревет.
По завршувањето на хемотерапијата, 40-годишната Бјанка блесна на втората вечер на Санремо, популарниот италијански музичкифестивал. Нејзиното појавување на фестивалот ја воодушеви публиката, а таа беше една од водителките на вечерта.