
Бизарно: Јапонецот кој потроши илјадници евра за да „стане“ куче сега фантазира за други животни
Јапонецот Токо има голем број обожаватели на социјалните мрежи кои ги следат неговите авантури. Во морето од инфлуенсери, јутјубери и тиктокери, тој се истакнува со видеата затоа што ужива да биде – куче.
Препорачано
Човекот кој потроши 14.000 евра за да „стане“ крзнено четириножно милениче, поточно куче од расата Бордер коли, сега повторно е во центарот на вниманието на медиумите, пишува „НДТВ“.
Тој шеташе по улиците на Токио и си играше со кучињата во околината, а сега навести дека сака да стане панда, мечка или лисица. Без разлика дали станува збор за „криза на идентитет“ или нешто друго, само Токо го планира својот иден живот како друго животно.
Тој пред локалните медиуми ги откри своите желби, но и дека спроведувањето не е лесно.
„Луѓето и кучињата имаат различни коскени структури и моторни вештини. Тешко е да се прават движења кои изгледаат реално. Покрај тоа, крзното лесно се валка и треба да се чисти секој пат. Се разбира, би сакал да станам уште едно животно. Фантазиран да бидам куче, панда или мечка. Лисицата е исто така убава, но тоа е практично невозможно“, рекол тој.
Јапонецот претходно објасни дека го избрал кучето од расата Бордер колио бидејќи тоа е неговата омилена раса. Тој одбива да го открие идентитетот, а на социјалните мрежи редовно објавува видеа од неговото секојдневие.
„Омилени ми се животните кои одат на четири нозе, особено слатките“, додал тој.
Инаку, Токо ангажираше компанија од Холивуд на која ѝ беа потребни 40 дена за да го изработи костимот, кој навистина изгледа реалистично.
ВИДЕО | Јапонец во костим на куче од 12.000 фунти излезе надвор: „Мојата прва прошетка“