
ВИДЕО | Бизарни комбинации на наградите „Еми“: „Мајкл Џексон“ го украде вниманието, а на црвениот тепих прошета и еден Лабубу
Во неделата се одржа 77-мото доделување на престижните награди Еми, а додека некои од најголемите ѕвезди блеснаа во своите гламурозни изданија, две драг кралици од шоуто „RuPaul’s Drag Race“ го украдоа целото внимание со своите бизарни модни комбинации.
Препорачано
Присутните, како и гледачите пред малите екрани, беа во шок кога на црвениот тепих се појави „Мајкл Џексон“. Но, наскоро се откри дека зад маската на кралот на поп-музиката, се крие драг кралицата Кори Кинг – натпреварувачка од 17-та сезона на популарното шоу.
Kori King has arrived at the #EMMYs pic.twitter.com/uJtNMZikfd
— Film Updates (@FilmUpdates) September 14, 2025
Кори дојде на настанот за да му оддаде почит на Мајкл Џексон, облечена во стил кој веднаш ги привлече сите погледи. Настапи како претставничка на шоуто „RuPaul’s Drag Race“, кое беше номинирано во категоријата за извонредно натпреварувачко шоу.
Но, таа не беше единствената која предизвика реакции. Нејзината колешка Џоела на црвениот тепих се појави маскирана како Лабубу – популарна фигура која во последните месеци стана вистински интернет феномен.
И Кори и Џоела предизвикаа лавина реакции и позитивни и негативни, а социјалните мрежи беа преплавени од коментарите за нивниот изглед.
Без разлика дали ги фалат или критикуваат, едно е сигурно – овие две кралици знаат како да го привлечат вниманието.