
Драматични обвиненија на бившата сопруга на Фил Колинс: „Тој е импотентен, насилен и не се бања редовно“
Фронтменот на „Генезис“ и Севи се венчаа во 1999 година и се разделија десет години подоцна. Фил веќе еднаш и исплатил на сопругата рекордна сума од 46 милиони долари. Тоа беше најскапиот развод во историјата на британската сцена.
Препорачано

Музичката легенда Фил Колинс (69) доживува вистинска љубовна драма и на стари години. Неодамна, тој реши да ја исфрли од заедничката вила во Мајами, неговата сопруга Оријана Севи (46) со која неколку пати се разведуваше и се смируваше во текот на неговиот живот, откако таа се омажи за друг маж.
Повеќекратниот добитник на Греми тогаш и нареди да бара втор дом, но Севи не само што не се откажа од имотот, туку целата работа ја предаде на суд. Оријана исто така му се закани на Колинс дека ќе открие доверливи информации што ќе му наштетат на неговиот углед во јавноста, а со тој план, се чини, веќе е започнала.

Во документите што ги доставила до судот, таа го опишала Колинс како „пештерски човек кој не миел заби и не се бањал со месеци“, пишува Пејџ Сикс
Таа додала и дека музичар имал проблем со алкохолот и дека тој често правел коктели, комбинација на лекови на рецепт и прекумерен алкохол.
Во документите се наведува и дека Колинс бил хоспитализиран во неколку наврати и дека бил примен во болницата под псевдоним.

– Стануваше се повеќе депресивен, повлечен и се однесуваше како силеџија. По операцијата на грбот, тој беше сè повеќе зависен од антидепресиви и лекови против болки. Сексот веќе не беше опција поради нарушеното здравје. Престана да се тушира, да ги мие забите и да се облекува соодветно. Тој беше емотивно и вербално агресивен кон мене и децата, чии потреби ги игнорираше, се пожали поранешната сопруга на Колинс, која изјави дека Фил не е функционална личност веќе некое време, а деновите на компонирање и снимање се далеку зад него.
Адвокатскиот тим на Колинс тврди дека доставената документација „содржи многу лажни, дрски, скандалозни и перверзни обвинувања кои немаат никаква врска со законските барања во овој случај“ и дека нема сомнение дека овој спор ќе продолжи на суд уште некое време.

Фил и Севи се венчаа во 1999 година и од тој брак ги имаат синовите Николас (19) и Метју (15), а се разведоа десет години подоцна. Тогаш Фил и плати на сопругата неверојатни 46 милиони долари, што беше официјално најскапиот развод во историјата на британската сцена.