Пораката на новиот албум е патување низ емоциите и соништата

Битолската група „Код 369“ го претставува новиот албум „Меѓу ѕвездите“

Македонскиот музички бенд „Код 369“ од Битола, познат по својата силна музичка посебност, која комбинира фанк, џез, рок и поп, го објави својот втор студиски албум за „Кроација Рекордс“ со наслов „Меѓу звијездама“ („Меѓу ѕвездите“). По успешното деби „Stages of Love“, овој нов албум го потврдува нивниот статус на еден од најсвежите алтернативни рок-состави во регионот.

Автор на музиката за сите песни на албумот е Даниел Митревски, кој е и продуцент на албумот, додека текстовите се на пејачката Ирена Димовска, освен за песната „Конкретно“, кој го напиша Мила Влаисављевиќ. Албумот е снимен во студиото „Atelier“, а мастерингот е на Славко Ристески, работен во студиото „Про Саунд“.

Визуелниот идентитет на албумот го дизајнираше Лана Ловриќ, чие уметничко решение ја следи атмосферата и пораката на албумот – патување низ емоциите и соништата.

Албумот „Меѓу ѕвездите“ носи звук кој балансира помеѓу алтернативното изразување и комерцијалната прифатливост, притоа задржувајќи ја карактеристичната слобода, енергија и длабочина што обожавателите на бендот веќе ги препознаваат и ценат. Посебен фокус е ставен на синглот „Конкретно“, кој веќе наиде на одлични реакции кај публиката и критиката.

Групата „Код 369“ неодамна настапија на „Денови на ’Кроација Рекордс‘ во Македонија“, каде во живо претставија неколку нови песни. Албумот досега беше достапен дигитално, а сега го има и како физичко цеде-издание, кое може да се набави и онлајн. Изданието е наменето за сите љубители на музиката кои не прифаќаат компромиси и ги истражуваат границите на жанровите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот