Битола наредната сезона ќе има два суперлигаши!

Ракометарите на Пелистер 2 продолжуваат со одличната форма и денеска со импресивни 46-25 го совладаа составот на Драчево во рамките на 15. коло, осигурувајќи си пласман во македонската Супер лига.

Битолчани доминираа од самиот почеток, наметнувајќи го ритамот и темпото на играта, а веќе по првите 30 минути беше јасно во кој правец ќе се движи натпреварот – на полувреме резултатот гласеше 23-10. Гостите од Драчево немаа одговор за разиграните ракометари на Пелистер 2, кои продолжија во ист стил и во вториот дел, за на крајот да впишат убедлив триумф.

Со оваа победа, Пелистер 2 останува на лидерската позиција со 28 бодови по 15 одиграни натпревари. На второто место се наоѓа Мулти Есенс со 25 поени, а до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште три кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот