Фото: РК Еурофарм Пелистер

Битола и наредната сезона ќе гледа елитен ракомет: Еурофарм Пелистер ќе игра во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги објави имињата на екипите што ќе настапуваат во новата сезона од Лигата на шампионите, а македонскиот шампион Еурофарм Пелистер доби зелено светло за својот трет последователен настап во најелитното европско натпреварување.

Битолската гордост ќе има нова можност да ги одмери силите со најдобрите ракометни клубови на континентот, а битолчани повторно ќе можат да уживаат во ракомет од највисок ранг.

Покрај Пелистер, вајлд-карти добија уште и Келце, ПИК Сегед, Нант, Колстад и ГОГ Гудме, кои ќе се приклучат на веќе потврдените учесници: Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, Алборг, Динамо Букурешт, ПСЖ, Загреб и Спортинг Лисабон.

Шеширите за ждрепката ќе бидат објавени во среда, додека извлекувањето на групите ќе се одржи в петок во Виена. Еурофарм Пелистер ќе ја отвори новата европска сезона на 10 или 11 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот