Фатмир Битиќи / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Битиќи: Целокупната штета од грабежот во мојот дом е околу 50 илјади евра

Фатмир Битиќи, поранешниот министер за финансии во синоќешното гостување на ТВ24 рече дека штетата што ја претрпел од грабежот на сефот во неговиот дом во Бутел, според негови проценки, е околу 50 илјади евра.

-Вистината е на барањето на службените лица за да се направи целокупната материјална штета (од кршење на врата, земање на сефот и тоа што имало внатре), дефиниравме некоја сума од отприлика 50 илјади евра на целата штета. Од финансиски средства, во сефот немало ниту 10% од таа сума која што се спомнува. Другото е емотивно – накит на сопругата кој што го има донесено од баба ѝ, мајка ѝ…Во моментов е непроценливо. Јас со цела одговорност тврдам што имало внатре, додаде екс-вицепремиерот.

Кражбата се случила во периодот од 18 до 21 април, во период додека функционерот и семејството не биле дома за празниците. Непознати сторители насилно влегле во објектот, со употреба на алат и сила ја скршиле вратата и биле украдени сеф и други вредни предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот